Saturday, May 12, 2012

Мојот омилен жанр


Поп музиката, во зависност од контекстот, се користи или како скратена форма за популарна музика или како поим за нејзин под-жанр. Општо земено, поп музиката содржи едноставни мелодии со певливи рефрени. Поп песните често имаат „кука“, една или повеќе музички идеи повторувани за да го привлечат („закачат“) вниманието на слушателот. Кука може да биде било кој дел од песната и може да претставува музичка мелодија, ритам, вокал или како што е често случајот, мешавина од сите нив. Поп музиката е обично лесна за слушање за било којшто е културно наклонет да земе учество во неа, дури и за музичкиот новајлија. Поп музиката се смета за најкомерцијализиран вид на музика.









Музички жанр


Музички жанр претставува еден вид на музичка категорија, којашто опфаќа повеќе музички звуци од ист тип, коишто може јасно да се разликуваат од некој друг тип на музика.
Уште во периодот на ренесансата луѓето почнале да ја класифицираат музиката во жанрови. Во неговата книга, Даглас М. Грин(Douglass M. Green) пишува како 61. дело на Бетовен и 64. наМенделсон се од идентичен жанр, двете претставуваат виолински концерти, но во различна форма, итн.
Други пак, велат дека жанрот и стилот на музика се сосем различни концепти.
Исто така, понекогаш географското потекло на музиката се користи за дефинирање на музички жанр.
Најчесто жанровите се групираат во следниве групи
§                    Уметничка, популарна, традиционална музика
§                    Регионална и национална музика
§                    Комбинирана музика

Музика


Музиката е уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката сеинтензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.
Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст. Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.
Музиката се користи за многу цели како на пример: Комуникација, религија, академско проучување, естетски форми, забава итн.